Претседателот на Германија, Франк-Валтер Штајнмаер во писмо му се заблагодари на поранешниот советски лидер Михаил Горбачов за улогата во обединувањето на Германија.
Штајнмаер изрази жалење за сегашната состојба на европско-руските односи, пред 30-годишнината од падот на Берлинскиот ѕид.
Во писмото што неговата канцеларија го објави денеска, германскиот претседател пишува дека мирното обединување на Германија и крајот на европските поделби „немаше да бидат можни без храбрите и хумани одлуки што лично Вие тогаш ги донесовте“.
Штајнмаер оцени дека не се исполнети сите надежи од пред три децении.
–Она што најмногу ме боли е состојбата со германско-руските и европско-руските односи – вели Штајнмаер.
Toj додаде дека е важно „да не му се препуштиме на отуѓувањето што нарасна последниве години“.