Шпанија секојдневно регистрира се повеќе заразени и мртви од корона вирусот. Досега заразени се 35.136, а 2311 умреле, пренесува „Worldometers“.
Бројката се зголемува секој ден, а небрежноста и нечувствителноста не помагаат во епидемиолошката состојба. Поточно, шпанските војници кои помагале во борбата против пандемијата, нашле луѓе напуштени и мртви во креветите во старечки домови.
-Нема да имаме разбирање за тоа како се третираат тие луѓе во тие домови, изјави Маргарита Роблес за телевизијата Телесинко и додаде дека „војската можеше да види целосно напуштени стари лица за време на проверки во некои домови, па дури и тела во кревети“, рече таа без да открие детали.
Заради ова, шпанската влада започна истрага.
Во понеделникот, Шпанија забележа најголем број смртни случаи од коронавирус за еден ден, 462 лица. Највисокото зголемување на болните и мртвите луѓе во таа земја допрва треба да се очекува во наредните денови.