Свет 14. јуни 2020. / 01:46

Шпанските банки во мај позајмиле 176 милијарди евра од Европската централна банка

Шпанските банки во мај позајмиле 176 милијарди евра од Европската централна банка

Шпанските банки во мај позајмиле околу 176 милијарди евра од Европската централна банка (ЕЦБ), што е најголема сума во последните шест години, покажуваат официјалните податоци.

Таа цифра е за околу 8,5 милијарди евра поголема во однос на 167,5 милијарди евра позајмени во април оваа година.

Најголема сума што комерцијалните банки во Шпанија некогаш ја позајмиле од ЕЦБ е забележана во август 2012 година, во износ од 411 милијарди евра, за време на врвот на финансиската криза во Шпанија.

Кон крајот на месецот, се очеува земјите во еврозоната да аплицираат за евтини нови долгорочни линии за финансирање од ЕЦБ, со цел да го намалат влијанието од епидемијата на корона вирусot.