Свет 14. октомври 2019. / 16:06

Шпанскиот суд издаде налог за апсење на Пуџдемон

Шпанскиот суд издаде налог за апсење на Пуџдемон

Врховниот суд на Шпанија издаде европски налог за апсење на поранешниот каталонски лидер Карлес Пуџдемон. Налогот е издаден откако судот претходно денеска судот ги осуди каталонските сепаратисти на затворски казни од девет до 13 години.

Пуџдемон од 2017 година е во егзил во Белгија, а судот во Германија во јули минатата година одби да го испорача, во периодот кога привремено престојуваше во оваа земја.