Свет 28. јули 2020. / 10:17

Шпанскиот премиер смета дека е неправедно Британија да наложува карантин за патниците од Шпанија

Шпанскиот премиер смета дека е неправедно Британија да наложува карантин за патниците од Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез, изјави дека е неправедна одлуката на Велика Британија да воведе задолжителен карантин за луѓе што доаѓаат од Шпанија на Островот.

Според Санчез, шпанската Влада е во контакт со британската Влада и се обидува да влијае за промена на одлуката.

Шпанскиот премиер изави и дека „грешката“ на Лондон е во тоа што го земал предвид бројот на заразени од корона вирус во цела Шпанија, истакнувајќи дека повеќето региони во оваа земја имаат пониска стапка на Ковид-19 од Велика Британија.