Шпанскиот премиер Педро Санчес се обидува да обезбеди мнозинство гласови во Парламентот за да ја продолжи вонредната состојба во земјатаза уште две недели.
Како што пренесуваат странските агенции, строгите мерки овозможија епидемијата на корона вирусот да биде ставена под контрола, така што бројот на починати во последните 24 часа е 244, што е за три четвртини помалку од 1.000, колку што беа пријавени на почетокот на април. Меѓутоа, овие мерки во исто време доведоа до пад на економијата и пораст на невработеност.
Укинувањето на вонредната состојба ќе биде целосна, неприфатлива грешка. Пуштени се милијарди државни пари за да им се помогне на фирмите и поединците погодени со корона-кризата – изјави Санчес пред Парламентот.
Доколку неговиот предлог биде одобрен од шпанската Влада, тоа ќе биде четврти пат вонредната состојба да се продолжи за по две недели.