Свет 25. декември 2019. / 11:28

Шпанскиот крал во своето традиционално обраќање повика на единство и одбрана на Уставот

Шпанскиот крал во своето традиционално обраќање повика на единство и одбрана на Уставот

Шпанскиот крал Фелипе Шести во своето традиционално обраќање на Бадник синоќа повика на национално единство и на одбарана на шпанскиот Устав.

Во говорот на телевизијата тој од Шпанците побара да ги задржат „заедничките демократски вредности за да се решиме од проблемите, без поделби и конфтронтација, кои го еродираат нашето чуство за хармоничен соживот и ја осиромашуваат нашата иднина“.

Фелипе Шести ја наведе Каталонија како една од главните пречки со кои Шпанија ќе се соочи во следната година, а покрај неа и на високата невработеност, анксиозноста заради технолошката револуција, како и „патот на Европската унија“, миграцијата, родовата нееднаквост на работните места и климатските промени.

Во Шпанија од 2017 година има политичка криза заради обидот за сецесија на Каталонија. Анкетите покажуваат дека каталонското општество е поделено при прашањето за одвојување од Шпанија.

Кралот е цел на критики на каталонските сепаратисти од својот говор на 3 октомври 2017 година, кога повика да се обезбеди уставниот ред за време на обидот за сецесија на областа. Сепаратистите му забележуваат затоа што не кажал ниту збор против полициското насилство кое го следеше забранетиот референдум за самоопределување на оваа областа, што беше организиран на 1 октомври.

Со шпанскиот Устав од 1987 година во земјата беше вратена демократијата, по четирите децении диктатура на генералот Франциско Франко.

Фелипе Шести во 2014 година го презеде престолот откако неговиот татко Хуан Кралос бадицираше од тронот.