Свет 24. март 2018. / 10:25

Шпански Врховен суд обвини 13 каталонски функционери за бунт

Шпанскиот Врховен суд обвини 13 каталонски сепаратистички политичари, вклучувајќи го и поранешниот претседател на Каталонија Карлес Пуџдемон, за бунт поради нивниот обид да прогласат независност од Шпанија. После четиримиесечната истрага за настаните од минатата есен, денеска судијата Пабло Љарена издаде потерница.

Согласно шпанските закони, обвинението за бунт предвидува казна до 30 години затвор. Со обвнинението се опфатени, меѓу другите и каталонскиот потпретседател Ориол Жункерас, поранешната претседателка на каталонскиот Парламент Карме Форкадељ, сепаратистичкиот активист Жорди Санчез и Марта Ровира, претседателка на Републиканската левица на Каталонија (ЕРЦ), која денеска најави дека ја напушта Шпанија.