Шпанските судови ја отфрлија денеска одлуката на Шпанскиот изборен одбор и утврдија дека на Карлес Пуџдемон и уште двајца каталонски сепаратисти кои побегнале во странство и избегнале апсење, мора да им се дозволи да учествуваат на изборите за ЕП.
Шпанскиот изборен одбор соопшти дека ќе им забрани да се кандидираат на изборите на 26 мај за Европскиот парламент во Стразбур, пренесува „Ројтерс“.
Меѓутоа, три суда во Мадрид денеска пресудиле во корист на жалбата која ја поднеле Пуџдемон и уште двајца сепаратисти, кои тврделе дека повредени се нивните демократски права.
Тие побегнале од Шпанија за да избегнат апсење поради учество во неуспешниот обид за сецесија на Каталонија во 2017 година.
Пуџдемон и Тони Комин живеат во Белгија, а Клара Понсати во Британија.
Во Шпанија и понатаму на сила е потерницата за нив.