Додека повеќето компании во Шпанија се затворени поради вонредната состојба, произведувачите на ковчези поради коронавирусот работат 24 часа на ден и вработиваат плус работници.
Сега доставуваме осум пати повеќе ковчези од порано, Само во Мадрид продаваме 300 ковчези дневно, иако Мадрид не е нашиот главен пазар, бидејќи повеќето ги дистрибуираме на северот на Шпанија – вели за медиумите Марија Чао, директорка на компанија со седиште во Мадрид.
За да го зголеми производството компанијата во изминатите десет дена вработила уште шест работници на неодредено време.
Во Шпанија во вторникот од ковид-19 починале 743 лица, најмногу во последните три дена. Вкупно починати досега има 13.798.