Свет 27. мај 2019. / 11:23

Шпански бегалци добија место во Европскиот парламент

Шпански бегалци добија место во Европскиот парламент

Тројца каталонски сепаратисти – еден во затвор и двајца, кои бегаат од шпанските правосудни органи – добија места во Европскиот парламент, соопшти АП.

Поранешниот регионален водач на Каталонија, Карлес Пучдемон, Ориол Жункерас и Тони Комин освоија места за сепаратистички партии на вчерашното гласање, покажуваат резултатите на шпанското Министерство за внатрешни работи при 85% од преброените гласови.

Жункерас е во затвор во Мадрид. Тој чека процес под обвинение за организирање на бунт како дел од обидите на Каталонија да се оддели од Шпанија. Пучдемон и Комин се барани од Шпанија откако избегаа во Белгија.

И на тројцата им беше дозволено да учествуваат на изборите за Европскиот парламент, но не се знае дали воопшто ќе успеат да учествуваат на седниците поради законски пречки.