Шпанската полиција запленила подморница во која биле откриени два тона кокаин. Во акцијата се уапсени две лица.
Во соопштението на полицијата се наведува дека подморницата била откриена кога се доближила до брегот на Галиција, како и дека трето лице, коешто исто така било во подморницата, успеало да побегне.
Во соопштението се навеудва дека трите лица потекнувале од Еквадор.
Шпанските медиуми пренесуваат дека подморницата од Колумбија пристигнала до шпанскиот брег, а полицијата се обидува да утврди дали цело време самостојно патувала од Латинска Америка.