Шпанската полиција уапси шест лица и заплени 16.000 стебла марихуана тешки 3,5 тони за време на рација во североисточниот регион Арагон.
Двете големи плантажи со марихуана се откриени откако полицијата неколку месеци следела група албански државјани кои краделе цигари од автомати поставени во кафулиња и бензиски станици.
До двете плантажи со марихуана се стигнува само пешки преку тешко прооден пат.