Свет 28. ноември 2019. / 19:15

Шпанската крајбрежна стража спаси 58 мигранти, а 16 се водат како изчезнати

Шпанската крајбрежна стража спаси 58 мигранти, а 16 се водат како изчезнати

Четворица мигранти загинале, а 16 се водат како исчезнати откако се обиделе да премината на европска територија од Северна Африка на мал сплав, соопшти шпанската крајбрежна стража.

Од сплавот, што беше лоциран на околу 60 километри од брегот на Мароко, спасени се 58 луѓе.
Три безживотни тела се извадени од водата, додека еден миргант починал откако бил донесен на брегот.

Европските и шпанските власти распоредија бродови и авион во потрага по евентуално преживеаните мигранти.