Шпанија, која е на второто место според бројот на починати од корона вирусот веднаш зад Италија, во последните 24 часа регистрираше нови 932 жртви. Според податоците на Министерството за здравство, ова е втор ден по ред како бројот на починати ја надминува бројката 900. Но, ова претставува благ пад во однос на претходниот ден, кога бројот на починати изнесуваше 950 лица.
Вкупниот број починати во Шпанија изнесува 10.935 лица, додека бројот на оздравени стигна до 30.513 пациенти.
Бројот на заразени во Шпанија достигна 117.710 лица. Со ова Шпанија ја надмина Италија според бројот на заболени.
Шпанските власти велат дека Кралството веќе го дистигнало пикот на ширењето на вирусот.