Свет 23. август 2018. / 21:23

Шпанија врати 116 мигранти во Мароко

Шпанија врати 116 мигранти во Мароко

Шпанија денеска врати 116 мигранти во Мароко, кои еден ден порано се обидоа да ја пробијат заштитната гранична ограда во шпанската енклава Сеута, изјави портпаролот на шпанското Министерство за внатрешни работи.

Повеќе стотици мигранти се обидоа да ја прескокнат заштитната ограда, а 118 успеаја да стигнат на шпанска почва, пренесе „Ројтерс“.

Во меѓувреме, во Италија им беше дозволено на 29 малолетници да се симнат од бродот закотвен во пристаништето во Катанија. За другите мигранти сè уште нема решение. Италијанскиот заменик-министер за внатрешни работи, Матео Салвини, бара од други земји на ЕУ да ги примат мигрантите.