Шпанија ќе ги отвори границите за странските туристи од јули, објави премиерот Педро Санчез, додавајќи дека владата ќе ја гарантира безбедноста на посетителите и локалното население по блокадата на земјата поради коронавирусот.
Санчез исто така објави дека планот за помош од три милијарди евра на семејствата кои се најпогодени од пандемијата ќе стапи на сила во наредните неколку недели, пренесува „Гардијан“.
Премиерот потсети дека на Шпанија има повеќе од 80 милиони посетители годишно и истакна дека „на туризмот му е потребна безбедност и на појдовната точка и на дестинацијата“.
Санчез исто така рече дека фудбалската лига ќе започне на 8 јуни.