Шпанија се подготвува за најчувствителниот судски процес во последниве неколку децении.
Процес во кој десетина каталонски сепаратисти се соочуваат со разни обвинувања , вклучително и за побуната во текот на неуспешниот референдум во 2017-та година.
Судењето кое почнува утре ќе биде пренесувано во живо на телевизија а сите очи ќе бидат насочени кон шпанскиот Врховен суд.