Свет 30. април 2020. / 12:55

Шпанија со рекордно низок број починати и новозаболени од корона вирусот

Шпанија со рекордно низок број починати и новозаболени од корона вирусот

Во последните 24 часа во Шпанија се регистрирани 268 починати лица од корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. Тоа е најмалку споредбено со последните шест недели и речиси четири пати помалку од рекордниот број 960 почина за еден ден во пикот на епидемијата. Вкупниот број починати стигна до 24.543 лица.

Истовремено е забележан уште еден позитивен резултат. Во последното деноноќие се регистрирани само 518 новозаболени и сега вкупниот број стигна до 213.435 лица. Последните денови оваа бројка варираше меѓу две и три илјади лица дневно.

Бројот на излекувани веќе е 112.050 лица.