Свет 19. јуни 2020. / 16:53

Шпанија почна кампања за да привлече странски туристи и да им покаже дека е безбедна земја

Шпанија почна кампања за да привлече странски туристи и  да им покаже дека е безбедна земја

Со цел да ги привлече странските туристи исплашени од корона вирусот, шпанската Влада почна меѓународна кампања за да порача дека е безбедна земја и најави програма од 4,2 милијарди евра за помош на своите туристички компании.

Кампањата „Spain for sure“ официјално ја отворија шпанскиот крал и кралица во Музејот „Прадо“ во Мадрид, само три дена пред Владата да ги отвори своите граници за странските туристи.

Лани повеќе од 80 милиони туристи ја посетија Шпанија, што беше рекордна година, но сега нејзините плажи се празни, хотелите допрва ги отвораат своите врати, а околу еден милион туристички работници неизвесно чекаат да се вратат на работа.

За да се спречи ширењето на корона вирусот, Владата на 14 март ги забрани туристичките патувања и ги затвори граници, освен за итни случаи и прекугранични работници.

В понеделник, шпанските граници повторно ќе бидат отворени за патниците од земјите на Европската унија, кои нема да имаат обврска за изолација по влезот во Шпанија.

Првично, Шпанија планираше да ги отвори границите на на 1 јули, но Владата одлучи да ги отвори една недела порано за да ги намали штетите врз економијата.