Свет 20. мај 2020. / 22:42

Шпанија по петти пат ја продолжи вонредната состојба

Шпанија по петти пат ја продолжи вонредната состојба

Шпанскиот премиер Педро Санчез доби поддршка од Парламентот за петто продолжување на вонредната состојба прогласена поради пандемијата на корона вирусот.

Вонредната состојба, која е во сила од 14 март, сега е продолжена до 7 јуни.

Во последните 24 часа во Шпанија се заразиле 721 лице, па вкупниот број на болни се зголеми на 279.524. Починаа уште 110 пациенти, со што бројот на жртви на Ковид-19 изнесува речиси 28.000.