Шпанија ќе ги отвори границите за земјите-членки на шенген зоната на 21 јуни, што беа затворени поради пандемијата со Ковид-19.
Kако што претходно беше најавено, границата со Португалија ќе биде отворена на 1 јули.
Претходно шпанската Влада објави дека ќе дозволи влез во земјата од 1 јули без задолжителна самоизолација.
Тоа нема да важи за Балеарските Острови, каде што, во рамки на пробната програма, уште од утре ќе ги примат првите туристи.