Шпанската влада соопштила денеска дека ја укинала финансиската контрола над Каталонија, како знак на добра волја и спремност за дијалог со новата администрација во Барселона.
Централните власти воведоа надзор на финансиите на Каталонија во 2015 година, со цел да се осигураат дека активностите на каталонскиот лидер кој сака независност на тој шпански регион, нема да бидат финансирани со државни пари.
Минатата година воведени беа и дополнитални контроли по кои за одобрување на секоја исплата бил неопходен печат од Мадрид, пренесува АП.
Портпаролката на шпанската влада Изабел Села рекла дека денешната одлука претставува гест за политичка нормализација, додека новиот шпански премиер Педро Санчез настојува да воспостави дијалог со новата регионална влада на Каталонија.
Села предупредила дека разговорите нема да бидат на тема самоопределување и дека Санчез ќе го употреби уставот на Шпанија од една страна и дијалогот од друга, кога станува збор за сепаратистички тенденции.