Шпанската Влада денеска соопшти дека до 2 март ги продолжува ограничувањата за патниците кои пристигнуваат од Велика Британија, Бразил и Јужноафриканската Република поради мутациите на коронавирусот.
Информацијата ја објави новата министерка за здравство Каролина Даријас на прес-конференција по седница на Владата.
Како и други држави, Шпанија го прекина пристапот на патници од Велика Британија, со исклучок на шпанските државјани или луѓето со престој во Шпанија, на крајот на декември минатата година поради ширењето на заразната британска мутација на коронавирусот.
На почетокот на февруари, шпанските власти исто така најавија сериозни ограничувања за оние кои пристигнуваат од Бразил и Јужноафриканската Република, повторно поради загриженост за појава на мутации на коронавирусот пронајдени во двете земји.
Само луѓето од шпанска или андорска националност или жители на Шпанија или Андора, сега имаат право да влезат во Шпанија. Исклучок е направен за транзитните патници на кои не им е дозволено да го напуштат аеродромот и да не останат повеќе од 24 часа.