Шпанскиот Парламент изгласа продолжување на вонредната состојба во земјата за уште шест месеци, што ќе им даде на локалните власти дополнителни овластувања за контрола на вториот бран на епидемијата на корона вирусот.
Со оваа одлука, вонредната состојба во Шпанија ќе остане во сила до 9 мај.
Шпанија е едно од најголемите жаришта на корона вирусот во Европа, со повеќе од 1,1 милиони заразени од почетокот на пандемијата и над 35.000 смртни случаи.
Свесни сме дека граѓаните се уморни по повеќемесечни напори и жртви и дека не можат да го сторат она што го правеа порано – да ги гушкаат семејството и пријателите. Но, не е време да ги олесниме мерките, пред нас се многу тешки недели и месеци – изјави министерот за здравство Салвадор Иља.