Свет 26. март 2020. / 12:58

Шпанија ја обвини Кина дека тестовите за корона вирусот и се неточни

Шпанија ја обвини Кина дека тестовите за корона вирусот и се неточни

Шпанија се пожали дека комплетите за рзо тестирање на корона вирусот, што пред извесно време биле купени од Кина, се неточни, пишува „Ел Паис“, цитирајќи претставници на неколку микробиолошки лаборатории. Околу 340.000 тестови произведени од компанијата Bioeasy од градот Шенџен обезбедуваат едвај 30% точност при инфекциите со корона вирусот, иако треба да имаат 80% точност.

-Тие не ги откриваат позитивните случаи со корона вирусот како што се очекуваше. Со 30% точност таквите тестови нема смисла да се користат, тврди извор за изданието.

Вчера шпанскиот министер за здравје изјави дека Салвадор Иља објави дека Мадрид дополнително потпишал зделка со Пекинг во вредност од 432 милиони евра за купување на медеицинска опрема.