Свет 27. октомври 2020. / 16:46

Шпанија ја обновува својата економија со поголеми даноци за големите компании

Шпанија ја обновува својата економија со поголеми даноци за големите компании

Шпанската Влада денеска објави планови за зголемување на даноците за големите компании и луѓето кои најмногу заработуваат, со цел да ги инвестира овие пари во социјална заштита и инфраструктура, како дел од планот за буџетот за 2021 година.

Шпанската економија претрпе тежок удар поради пандемијата на коронавирусот и годинава се очекува да падне за 11,2 проценти, но Владата планира следната година да го зголеми буџетот за 6,8 милијарди евра, што ќе ѝ даде поголема моќ да најде излез од кризата.

Владите ширум светот сè уште не донеле одлука како да ги обноват економиите погодени од пандемијата на коронавирусот.

Дури и Меѓународниот монетарен фонд минатата недела објави дека засега приоритет е пандемијата да се стави под контрола, а потоа и економско закрепнување.