Свет 07. февруари 2020. / 18:29

Шпанија ги игнорира сиромашните, а ги фаворизира богатите

Шпанија ги игнорира сиромашните, а ги фаворизира богатите

Експерти на ОН ја критикуваа Шпанија поради економската политика со која ги игнорира сиромашните, а ги фаворизира богатите.

Специјалниот известувач на ОН за екстремна сиромаштија и човекови права, Филип Алстон, изјави дека сиромаштијата во Шпанија е резултат на политичкиот избор.

Алстон истакна дека Шпанија постигнала економски напредок и оти БДП и платите се зголемени, но социјалните можности се нешто друго.

Шпанија, според сите социјални параметри, е или на дното или близу до дното – предупреди Алстон.

Тој ги претстави своите проценки и првични наоди пред јавноста, откако посети шест региони и оствари бројни средби со луѓе кои живеат во сиромаштија, претставници на граѓанскиот сектор, студенти и службени лица.

Индексот на ризик од сиромаштија на Шпанија се уште е над европскиот просек од 22 проценти и варира од 29 проценти во 2013 година до 26 проценти во 2017 година.

Иако стапката на економски раст во Шпанија е малку повисока од европскиот просек, стапката на невработеност е 14 проценти, што е двојно повеќе од просекот на ЕУ.