Свет 23. јануари 2020. / 19:42

Шпанија ги брои жртвите од бурата „Глорија“

Шпанија ги брои жртвите од бурата „Глорија“

Најмалку 11 загинати и петмина исчезнати е билансот на жртви на силната бура „Глорија“ којашто го зафати источниот брег на Шпанија.

По извештаите за исчезнати лица во североисточна Каталонија и на Балеарските Острови, властите стравуваат дека бројот на смртни случаи може да се зголеми.

Шпанскиот премиер Педро Санчез посети некои од најтешко погодените подрачја и се сретна со спасувачките тимови на теренот. Тој најави одобрување држави средства за пет региони, кои се најмногу погодени од бурата.

„Глорија“ траеше пет дена, а беше проследена со силен ветер, снег и град. Најголемиот удар на невремето беше во текот на вчерашниот ден.