Свет 13. август 2018. / 12:11

Шпанија: Десетици повредени на фестивал

Шпанија: Десетици повредени на фестивал

Десетици луѓе биле повредени, од кои четворица сериозно откако се урнала дрвена конструкција на шеталиште за време на фестивалот во шпанскиот град Виго.

Лекарска помош побарале околу 130 луѓе. Платформата што се урнала била долга 30 метри и широка 10.

На местото биле испратени повеќе лекарски екипи, а брегот го пребаруваат нуркачи. За сега нема информации за жртви поради хаваријата.