Бројот на смртни случаи од корона вирус се зголеми за 510 или 3,2% во изминатите 24 часа, со што вкупната бројка на починати во Шпнија достигна 16.353, објави во саботата Министерството за здравство на земјата.
Дневниот раст на нови жртви предизвикани од инфекцијата од Ковид-19 е најнизок од 23 март.
Во меѓувреме, Шпанија регистрира вкупно 161.852 случаи на корона вирус, откако изминатите 24 часа потврдени се нови 4.830 инфекции. Бројката се зголеми за 3% на дневна основа.
Скоро 60.000 пациенти се отпуштени од болниците низ целата земја, откако успешно се опоравиле од Ковид-19.