Долниот дом на шпанскиот Парламент денеска го одобри барањето на владата за продолжување на вонредната состојба до 26 април заради ширењето на коронавирусот, пренесоа светските агенции.
Вонредната состојба на властите им овозможува да го ограничат движењето на луѓето во целата земја, освен во случaи на итна потреба. Сите кафани, барови, ресторани, училишта и факултети, паркови, спортски сали се затворени. Работат само продавниците за храна, аптеките и болниците.
За прекршување на рестриктивните мерки може да се наметне парична казна. Според податоците на Министерството за внатрешни работи од почетокот на вонредната состојба се приведени над 3.700 прекршители.