Дваесет и две годишната Шанан Брендон во локална продавница купила пличан нилски коњ играчка за своите ќерки, Хајди (1) и Ава (2). Дека со играчката нешто не е во ред забележала кога постарата ќерка се пожалила дека “носот на играчката е остар“.
Нејзиниот сопруг ја прегледал играчката и веднаш ја вратил во продавницата. Менаџерот при преглед го притиснал носот и во исто време жилет , кој бил во него, му го пресекол прстот.
„Бев згрозена и шокирана кога го видов тоа. Жилетот беше долг околу 7 сантиметри. Сѐ и сешто ми помина низ глава. Моите деца можеа да се повредат“, напишала Шанан на својот Фејсбук профил.