Свет 05. мај 2018. / 21:51

Шок во Англија: Алекс Фергусон на итна операција

Шок во Англија: Алекс Фергусон на итна операција

Алекс Фергусон има сериозни здравствени проблеми поради кои итно е префрлен во болница, а првичните информации се дека е веќе опериран вечерва.

Сериозноста на ситуацијата ја потврдува и фактот што синот на Алекс, Дарен Фергусон денеска не го водеше својот тим Донкастер од фамилијарни причини.

Првичната информација вели дека Фергусон имал мозочно крварење и поради тоа оперативниот зафат бил неизбежен, а поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед закрепнува од зафатот.