Свет 10. мај 2020. / 19:45

Шкотската премиерка се скара со Борис Џонсон околу неговиот слоган против корона вирусот

Шкотската премиерка се скара со Борис Џонсон околу неговиот слоган против корона вирусот

Шкотската премиерка Никола Старџен порача дека нема да го користи новиот слоган на британската Влада „Биди на штрек, контролирај го вирусот и спаси животи“.

Таа на Твитер напиша дека нејзината влада не била консултирана за таа промена и дека новиот слоган на британскиот премиер Борис Џонсон првпат го прочитала во утринскиот печат.

Секако, тој треба да одлучи што е најсоодветно за Англија, но, со оглед на критичниот момент во борбата против корона вирусот, мојата јасна порака за Шкотска во оваа фаза останува – „Останете дома, спасете животи – порача Старџен.