На шпанската покраина Каталонија треба да и се дозволи да ја одреди својата иднина, а покажаните силни чувства на Каталонците не смеат да бидат игнорирани од меѓународната заедница, оцени денеска шкотската Влада.
– Шпанија и натаму ќе има став дека гласањето не е легитимно, но Шпанија не може да ја игнорира јачината на демонстрираните чувства, ниту тоа можат да го направат Европа и меѓународната заедница, се наведува во соопштението потпишано од шкотската министерка за надворешни работи Фиона Хислоп.