Шестмина членови на американскиот Конгрес се во самоизолација, меѓу кои и двајца републиканци кои биле во контакт со американскиот претседател Доналд Трамп откако биле изложени на новиот корона вирус.
Конгресменот Мет Гец патувал во претседателскиот авион „Ер Форс 1“ со кој Трамп се враќал во Вашингтон, а објави дека „11 дена претходно бил во контакт со лице кое било позитивно на корона вирусот“.
– Иако конгресменот нема симптоми, тој остана дома и ги чекаме резултатите од неговиот тест. Тој во самоизолација ќе биде 14 дена, напиша неговиот тим на Твитер.
Друг републикански конгресмен, Даг Колинс, кој во петокот се состана со Трамп, изјави дека доброволно ќе остане во карантин и покрај тоа што немал никакви симптоми, бидејќи на крајот од февруари бил изложен на корона вирусот.
Двајца конгресмени билe изложени на коронавирусот за време на големата конференција на конзервативците ЦПАЦ која се одржа од 26 до 29 февруари во близина на Вашингтон.