Свет 10. декември 2020. / 14:26

Шестмесечно бебе почина од коронавирус

Шестмесечно бебе почина од коронавирус

Не е познато дали бебето имало други здравствени проблеми.

Шестмесечно бебе починало во Украина од последиците на коронавирусот. Бебето починало на одделението за интензивна нега во болницата во Николаев. Директорката на болницата Ирина Шамраи, рекла дека станува збор за бебе кое било предвремено родени и на раѓањето имало само 750 греама.

Докторите пет дена се бореле за животот на детето, но за жал без успех.

Не е познато дали детето имало други здравствени проблеми, кои, за жал, се вообичаени кај предвремено родените деца. Ова е втор смртен случај на бебе во Украина од последиците на коронавирусот. Неодамна почина бебе од 11 месеци. Мајката на починатото бебе тврди дека докторите не го лекувале адекватно, иако е дијагностицирано дека детето има коронавирус.