Свет 04. февруари 2020. / 12:09

Шест нови заболени од коронавирусот во Тајланд

Шест нови заболени од коронавирусот во Тајланд

Тајландските власти потврдија шест нови случаи на заболени од коронавирус, од кои четири се тајландски, а двајца се кинески државјани.

Според Министерството за здравство, две од четири заболени лица од Тајланд неодамна биле во Јапонија, а двајца возачи биле заразени додека превезувале кинески туристи.

Со овие шест новозаболени, вкупниот број заразени лица на Тајланд достигна 25.