Пилотите на компанијата „Етиопиан ерлајнс“ се бореле со автоматскиот систем во авионот скоро цело време во текот на 6-минутниот лет, се наведува во денешниот прелиминарен извештај.
Пилотите кои неможеле да го стабилизираат „боинг 737 Макс 8“ дури иако ги следеле сите упатства, се обиделе со заеднички сили да го кренат носот на леталото.
Како што се наведува, пилото три пати му викал на копилотот „кревај нагоре“, но за жал не успеале да ја вратат контролата над авионот.
70 секунди после полетувањето на 10 март, еден од сензорите испратил погрешни информации на системот во авионот, укажувајќи им на пилотите на неизбежен губиток на напон.
Поради тоа автоматскиот систем го спуштал носот на авионот четири пати во текот на летот, така што пилотите не можеле да се изборат со тој проблем.
Пилотите ги почитувале сите процедури на Боинг, но авионот пребрзо летал, па рачното подесување било физички невозможноп.
После 2 минути „боинг“ се срушил и загинале 157 патници и членови на екипажот. Истрагата утврдила дека слично се случило и на летот на индонезиската компанија 2Лајон ер“ во октомври, кога при пад на авион загинале 189 лица.
Тоа ќе ѝ зададе голем удар на компанијата Боинг.
Истражувањата покажуваат дека и пилотите на „Лајон ер“ се обидувале да сфатат зошто носот на авионот упорно се спушта.
Софтверот на овој тип авион автоматски го спушта носот на леталото кога ќе прочита дека авионот лета премногу бавно, стрмно или кога се заканува опасност од губење на напон.