Свет

Шест години затвор за поранешна романска министерка – земала мито

Шест години затвор за поранешна романска министерка – земала мито

Поранешната министерка на Романија Елена Удреа е осудена на шест години затвор поради земање мито и злоупотреба на службената положба.

Врховниот касационен суд ја потврди претходната пресуда за поранешната министерка за туризам и оваа пресуда е конечна.

Удреа претходно, побегнала на костарика и побарала ново судење.

Освен затворската казна, поранешната министерка треба да плати и отштета од околу три милиони долари.