Поранешната министерка на Романија Елена Удреа е осудена на шест години затвор поради земање мито и злоупотреба на службената положба.
Врховниот касационен суд ја потврди претходната пресуда за поранешната министерка за туризам и оваа пресуда е конечна.
Удреа претходно, побегнала на костарика и побарала ново судење.
Освен затворската казна, поранешната министерка треба да плати и отштета од околу три милиони долари.