Епидемијата на корона вирус во Кина претставува сериозна закана за остатокот од светот, рече денеска шефот на Светската здравствена организација, Тедрос Адханом Гебрејесус.
– Корона вирусот, со 99 отсто од случаите во Кина, претставува вонредна ситуација за таа земја, но и сериозна закана за остатокот од светот, рече тој, на отворањето на светскиот форум на СЗО во Женева, Швајцарија, на кој ќе се разговара за мериките против корона вирусот.
Тој ги повика сите земје да ги споделат сознанијата за вирусот, како и да се забрзаат истражувањата за лековите и вакцините против новиот тип на корона вирус, од кој досега починаа повеќе од 1000 луѓе.