Свет 07. мај 2020. / 14:47

Шефот на кабинетот на Меркел очекува пандемијата да трае најмалку до крајот на годинава

Шефот на кабинетот на Меркел очекува пандемијата да трае најмалку до крајот на годинава

Шефот на кабинетот на германската канцеларка Ангела Меркел, Хелге Браун за радио „Дојчландфанк“ изјави дека очекува пандемијата на корона вирусот да трае најмалку до крајот на оваа година..

Сега не живееме по пандемијата – повеќе живееме среде пандемија, која ќе биде со нас некое време – најмалку до крајот на оваа година и тоа е многу оптимистично – вели Браун.

Меркел вчера најави чекори за олеснување на карантинот во Германија воведен поради корона вирусот, но во исто време почна и механизам „сопирачка за итни случаи“, со кој се овозможува ограничувањата повторно да се воведат доколку бројот на заразени повторно почне да расте.

Во исто време, германскиот виролог Александар Кекуле, изразува загриженост поради брзината и обемот на олеснување на мерките воведени против корона вирусот и предвидува „вирусна бура“ на есен.

Кекуле за „ЗДФ“ изјави дека следењето на синџирот на инфекцијата сè уште не е на посакуваното ниво и оти ризичните групи не се доволно заштитени.

Директорот на Институтот за медицинска микробиологија на Универзитетската клиника Хале, предупреди дека договореното олеснување на мерките го намалува нивото на безбедност.

Според него, важно е да се развие одржлив концепт за заштита, наместо политика на „попуштање-затегнување“.