Виш советник на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун синоќа пристигна во Сингапур, соопшти јапонската државна телевизија Ен Ејч Кеј, што, според оценките на локалните медиуми, покажува дека закажаниот и одложен Самит на САД и Северна Кореја ќе се одржи.
Ким Чанг-сон, кој ја извршува функцијата шеф на кабинет, на прашањетро дали патува во Сингапур поради разговори со американски функционери, тој рече дека дошол за да си „игра“.
Истовремено, американски владини претставници, вклучително заменик-шефот на кабинетот на Белата куќа Џо Хагин, синоќа отпатува од американската воздухопловна база Јокота во Јапонија за Сингапур.
Белата куќа соопшти дека подготвителен тим отпатувал за Сингапур за да се сретне со Севернокорејците.