Свет 05. февруари 2020. / 19:58

Шефот на европската дипломатија Борел: ЕУ не е комплетна без Западен Балкан

Шефот на европската дипломатија Борел: ЕУ не е комплетна без Западен Балкан

Шефот на европската дипломатија Жозеп Борел оцени дека предлогот за изменета методологија за пристапниот процес ќе ја врати довербата и ќе го забрза процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ.

ЕУ не е комплетна без Западен Балкан, напиша Борел на Твитер.

Тој оцени дека целта на предлогот на Европската комисија е да се отвори патот за подобра меѓусебна доверба меѓу Унијата и регионот и да се направи процесот на пристапување покредибилен и ефикасен.

Истовремено, наградите ќе доаѓаат побрзо за напорите што ќе ги прават нашите партнери на патот кон членството во ЕУ, заклучи Борел.