Свет

Северот на Мексико како во војна, 15 загинати

Северот на Мексико како во војна, 15 загинати

Најмалку 15 лица се убиени и деветмина се повредени во градот Монтереј на северот на Мексико.

Најголем број од жртвите настрадале во претрелки во барови. Канцеларијата на обвинителството на државата Нуево Леон соопшти дека нападите се случиле во градовите Монтереј , Гвадалупе и Хуарес во ноќта меѓу саботата и неделата.

Пресметките на нарко бандите се случиле во шест барови, а бројот на жртвите би бил и поголем поради тешките повреди на застреланите. Не е познато дали нападите се поврзани.

Најкрвав биланс во слични пресметки бил во 2011 кога во еден бар биле убиени 20 лица во Монтереј.