Тројца припадници на руската погранична служба се ранети денес во напад на екипажот од севернокорејски чамец кој се занимавал со ловокрадство во Јапонското море, објави руската федерална служба за безбедност.
Членовите на екипажот на севернокорејскиот чамец, во кои имаше повеќе од 45 луѓе, извршиле вооружен напад на членовите на надбљудувачките групи на бродот на пограничната служба. Тројца граничари се тешко ранети“, наведоа од руската федерална служба за безбедност.
Руската агенција Тас додава дека граничарите преземале одлучни мерки за сузбивање на илегалните активности.
Според наводите, два севернокорејски чамци и 11 моторни чамци влегле во руската економска зона во Јапонското море и тие се запленети.