Свет 21. август 2018. / 17:05

Северна Кореја продолжи со нуклеарните активности

Северна Кореја продолжи со нуклеарните активности

Северна Кореја продолжи со нуклеарни активности спротивно на намерите што пролетта ги најави лидерот Ким Џонг-ун, објави денеска Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).

Џонг-ун на средбата со американскиот претседател, Доналд Трамп, што се одржа на 12 јуни, ја потврди својата цврста определба за целосна денуклеаризација на Корејскиот Полуостров. Ваквата намера тој ја најави претходно на состанокот со јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин, а државната севернокорејска телевизија изминатиов период објавуваше видеа од уништување погони за тестирање ракети.