Северна Кореја истрелала повеќе противбродски крстосувачки ракети со краток дострел кон Источното Море.
Како што објави јужнокорејската агенција „Јонхап“, повикувајќи се на началникот на Здружениот Генералштаб на армијата на Јужна Кореја во Сеул, крстосувачките ракети прелетале околу 150 километри.
Северна Кореја минатиот месец истрела поголем број балистички ракети, првпат по тримесечна пауза.
Обединетите нации со резолуција им забрануваат на дел од земјите со нуклеарен потенцијал да тестираат балистички ракети, а на Северна Кореја и беа воведени и остри меѓународни санкции за да ја одвратат од натамошниот развој на ракетите што може да бидат опремени со нуклеарни боеви глави.